Утре традиционално „Сите на велосипед“

Традиционално, утре 24 мај, на големиот празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на велосипедите, заштитата на животната средина и здравиот начин на живот.

И годинава ќе се вози до с. Мало Коњари, меѓутоа не до аеродромот туку до основното училиште „Страшо Пинџур“.

„Најмладиот и најстариот учесник ќе добијат пригодни награди, ќе има освежување за сите учесници, а можно е и некое изненадување. Сите љубители на велосипедизмот и спортот воопшто се добредојдени“, велат организаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи