Каратистите од карате клуб „Бонсаи“ од нашиот град Софија Димеска, Софија Крстевска, Иво Качаков, Леонид Белески, Глигор Иваноски, Марио Ангелески и Цвете Миланоска ќе ја претставуваат нашата држава на Балканското првенство во карате (во кати и борби) кое ќе се одржи во Бар, Црна Гора од 26ти мај до 28ми мај.
Тие имаа напорни тренинзи под водство на тренерите Дамјан Ристески и Валентина Пурдеска.