Традиционално во Прилеп денес се организира рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2023

Велосипедскиот клуб „Илинден“ во соработка со локалната самоуправа во Прилеп како покровители и поддржувачи традиционално ја организираа манифестација „Сите на велосипед 2023“, на која учествуваат голем број на прилепчани. Како и секоја година се возеше до селото Мало Коњари, оддалечено 7 километри од Прилеп каде што имаше организирано освежување за сите учесници. Најмалиот учесник кој ја извози оваа рекреативна тура имаше само 5 години, додека најстариот 80 години, а за двајцата имаше обезбедено пригодни награди.

„Ми претставува огромно задоволство што денес гледам навистина голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Јовчески исто така истакна дека за брзо време Општина Прилеп ќе го распише Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи