Оваа недела на Селечка Планина се одржува „Планинска тура МОМАТА 2023“

Планинарско спортско друштво „Момата“ повторно го организира маршот на Селечка Планина, „Планинска тура МОМАТА 2023“, кој минатата година помина со одлична посетеност.

Околу маршот

Тргнувањето е во 08 часот од манастирот Св.Димитрија над с.Селце, од каде се продолжува до Домаќинско чешмуре (пауза од 5 минути), потоа се продолжува до Рикина чешма каде што ќе има групно фотографирање кај карпа Момата. Патеката продолжува до место викано Желката, од каде по изохипса се оди до Казанташ, Попова нива каде е предвидено одмор од 45 до 60 минути и освежување со чиста планинска вода и јадење од ранец (кој што си носи).

Маршот продолжува со искачување до место викано Ливада (одмор од 5 минути) и се продолжува со заобиколување на врвот Чуле до местото викано Устрелец 1442 МНВ. Пауза од 15 минути на Устрелец и се тргнува за назад до манастирот Св. Димитрија каде и завршува овој марш.

Доколку некој сака да го искачи врвот Чуле 1545 МНВ да ги извести за тоа водичите и организаторите на овој марш. Пожелно е никој да не се одделува од групата, а доколку има потреба за тоа да ги извести водичите и организаторот.

Оваа тура спаѓа во средно тешки тури. Должина на рутата е 11 километри.

Тел за контакт:

Дарко 072-226-439

Тони 076-425-103

Горданчо 075-464-380.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи