Отворена изложбата „Повторна средба“ од прилепската уметница Анита Јовеска Сот

Синоќа, 26.05.2023, пред многубројни посетители во Ликовната галерија во ЦК”Марко Цепенков”Прилеп, беше отворена изложбата „Повторна средба“ од прилепската уметница Анита Јовеска Сот.

„Инспирацијата, жената околу нас, ја имаме сите околу себе. Моќна и силна, самите ние, сите различни и свои. Му благодарам на моето семејство за поддршката и разбирањето кога инспирацијата ме носеше во ателје“, рече уметницата Анита Сот.
Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска, која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.
„Нивните погледи продираат длабоко под прагот на свеста, вовлекувајќи ги заинтригираните посетители да нурнат во таинственото море од мистерии, минувајќи низ емотивен катарзичен процес.Со миговното чувствено осознавање на нивната самобитност, ликовите оживуваат и умешно ја откриваат својата есенцијалност од очите на набљудувачот. Разновидната сликарска палета на Јовеска е богата со вибрантни и контрасни бои, кои ги оживуваат изразите на ликовите и ја брануваат перцепцијата на посетителот“, рече Димеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи