Учениците од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп повторно меѓу најдобрите на квалификациите за Хипо 2023

Од 23 до 25 мај, во Лидо ди Јесоло, Италија се одржаа европските квалификации од Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023, на кои учествуваа 83120 деца од преку 30 земји. Учениците од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп повторно беа меѓу најдобрите.

 Никола Талевски во категоријата Little Hippo беше рангиран на четврто место.

Анастасија Јагуриноска во категоријата Hippo 1 го освои четвртото место.

Вања Ѓорѓиоски беше рангиран на седмо место во категоријата Hippo 2.

Од ООУ „Климент Охридски“ вела дека важно е да се знае дека овие меѓународни натпревари по принцип се екстремно скапи и училиштата немаат средства да го покријат трошокот за учество и пат за учениците и наставниците и доколку тука не помогне општината, а пред се бизнис секторот сето ова нема да биде можно да се оствари.

„Бескрајно сме им благодарни на Пост експрес, Ангромеханика, Шула комерц и Хримакс компани, а воедно упатуваме и апел и охрабрување и до другите компании, бидејќи ВЛОГОТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Е ВЛОГ ЗА НАШАТА ИДНИНА!!“, потенцираат од ООУ „Климент Охридски“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи