Света Гора или полуостровот Атос во Грција, третиот крак на Халкидики. Место кое се наоѓа некаде помеѓу земјата и небото или уште како што ја нарекуваат „Градината на Богородица“, која го благословила овој крај и го зела под своја заштита. Во оваа репортажа ќе се обидам да ви го пренесам моето искуство од посетата на ова место кое како да не е од овој свет, место кое што со својата благодат, мир и спокој навистина е предворјето на Рајот. Најмистичното место на целата планета.
За да стигнеш до тука прво мораш да аплицираш и да чекаш одобрение за виза. Света Гора иако се наоѓа во Грција е посебна монашка држава. Тука според преданието и традицијата смеат да живеат и да влезат само мажи. Максимум денови кои регуларно може да ги добиете за престој тука се 3 ноќи. За повеќе денови треба да добиете посебен благослов од игуменот на некој манастирите.
Се тргнува од градот Уранополис или во превод што значи „Небесен град“. На Света Гора се стигнува само со брод, нема патишта. Има вкупно 20 манастири и 10-тина пома скитови кои се општежителни, односно каде монасите живеат во братства. Не е е мал и бројот на самостојни келии каде живее и се подвизува по само еден монах кој од време на време слегува во манастирите за да се причести и потоа повторно се враќа на своето тихување.
Секој манастир има свое пристаниште каде слегуваат патниците и од каде манастирите се снабдуваат со сите потребни работи. Први кои ве пречекуваат на патувањето за Света Гора се галебите кои го следат бродот до неговата последна дестинација.
После 40-тина минути пловење првото пристаниште кое ќе ве пречека е пристаништето Јовањица на српскиот манастир Хиландар. Манастирот не се гледа затоа што се наоѓа од другата страна на полуостровот. Второ пристаниште е она на бугарскиот манастир Зограф. И тој манастир не се гледа од бродот бидејќи и тој се наоѓа од другата страна на полуостровот.
Следен е манастирот Дохијар, грчки манастир посветен на Свети архангел Михаил. Во превод Дохијар значи гостоприемник.
МАНАСТИР ДОХИЈАР
Од тука продолживме кон манастирот Ксенофонт.
МАНАСТРИР КСЕНОФОНТ
За кратко време пред нас со целиот свој сјај и убавина се појави грандиозниот руски манастир посветен на Свети Пантелејмон.
МАНАСТИР СВ. ПАНТЕЛЈМОН
По Свети Пантелејмон бродот застана на главното пристаниште на Света Гора од каде водат патишта до повеќе манастири, но наша прва станица беше манастирот Свети Павле што се наоѓа веднаш под врвот Атос кон самито крај на полуостровот.
За кратко време по пристаништето Дафне пловејќи со бродот пред вас ќе се појави моќната Симонопетра. Манастир изграден на околу 350 метри над морското ниво во 1257 година, што претставувал вистинско архитектонско чудо за перидот кога се градел.
Веднаш под него се наоаѓа манастирот Григоријат. Тука, на неговото пристаниште беше нашето прво стапнување на тлото на Света Гора, момент кога срцето ти трепери и започнува да чука со огромна брзина од возбудата.
МАНАСТИР ГРИГОРИЈАТ
По благата нагорнина се искачуваме полека кон манастирот. Го добил името по Свети Григориј, кој го изградил манастирот, а кој бил ученик на Григориј Синаитски. Мал но многу убав манастир. Посветен е на Свети Никола. Во моментов голем дел од конаците се реновираа па немавме многу можност да го разгледаме манастирот. Во црквата не беше довозволено фотографирање.
Интересно е да се потецнира дека времето на Света Гора се мери според визатинското време, односно кај нив денот започнува со заоѓањето на сонцето. Само Иверскиот манастир го почитува халдејското пресметување на времето, според кое денот почнува со изгревот на сонцето. Затоа во дел од манастирите има поставено по 2 часовници, еден кој го мери византиското време, друг времето според кое се раководиме сите ние надвор од Света Гора.
Од Григоријат се упативме по тесна стрмна калдрместа патека нагоре низ планината.
По некаде час и половина одење од височината се отвори прекрасен поглед на манастирот Дионисијат. Монасите не пречекаа со голема љубезност и не почестија со кафе, локум и нормално едно чаше узо.
МАНАСТИР ДИОНИСИЈАТ
Тука се чуваат дел од моштите односно раката на Свети Јован Крстител. Монашкото братство ни дозволи да се поклониме пред оваа голема светиња. Чувството не може да се опише со збори кога ја целиваш раката која го крстила Господ Исус Христос.
Од тука со брод заминавме за манастирот Свети Павле кој беше нашата прва станица за преспивање на Света Гора.
МАНАСТИР СВ. ПАВЛЕ
Откако се сместивме во собата за кратко време, односно во 17 часот започна вечерната богослужба која тграењ околу 1 час. Веднаш потоа следува трпеза за монасите и посетителите. Во сите манастири се јаде само два пати во текот на денот, после Литургијата наутро и по завршувањето на вечерната богослужба околу 18 часот. По трпезата сед оди повторно во црквата каде за верниците се вадат највредните реликвии од манастирот. Тука во Св. Павле се чуваат даровите кои тројцата мудреци му ги дале на Исус Христос, односно златото, ливанот и смирната. Предмети од неописчливо значење за христијанството. Имаше и голем број мошти на светители.
Другиот ден се упативме со брод кон главното пристаниште на Света Гора, Дафне, од каде со автобус тргнавме за Кареја, административното седиште на монашката република. До него ве води пат кој сега се гради од армиран бетон.
Кареја изгледа како мало селце, каде секој манастир си има свој имот и келии.
Штом застанавме тука прво тргнавме кон скитот посветен на Свети Андреј кој што го гредел Николај Романов, последниот руски цар.
СКИТОТ СВ. АНДРЕЈ
Велелепен објект кој по стилот се разликува од останатите грчки манастири. До пред изградбата на црквата Свети Сава во Белград имал најголема црква на Балконот. Но откако најголемиот дел од монасите загинале борејќи се против комунистите во Октомвриската револуција, подоцна агенти на КГБ го палат скитот, монасите си заминуваат, а според правилото на Света Гора ако еден манастир или ските по бројот на монаси падне под 7, истиот го презема најблискиот манастир. Сега скитот на Св. Андреј е грчки и е под манастирот Ватопед. Таму се чува главата на Свети Андреј која им се покажува на сите верници кои сакаат дфа се поклоната пред неа.
Во Кареја ја посетивме и протатската црква и управната зграда на Света Гора, но за жал црквата беше затворена и не бевме во можност да ја видиме една од најголемите светињи на Света Гора, чудотворната икона „Достојно ест“.
КАРЕЈА
Движејќи се дел низ тесна шумска патека, дел по широк макадам пат се нупативме кон манастирот Пантократор, второто место каде добивме одобрение да преспиеме на Света Гора.
Зад нас го оставаме скитот на Свети Андреј, а од другата страна се отвора поглед кон врвот Атос и поголемиот дел на полуостровот. По околу час и половина до два пред нас се појави манастирот Пантократор. Посветен е на Христовото Преобрежение.
МАНАСТИР ПАНТОКРАТОР
И тука како и во другите манастири типикот е сличен или скроро ист. 10-тина минути пред 17 часот клепалото на мохакот ги повикува сите верници да се соберат во црквата за вечербата богослужба. Која трае 1 час, по што следува трпеза за сите присутни, а потоа поклонување пред моштите кои ги поседува манастирот. Тука се наоѓа една од најпознатите чудотворни икони на Света Гора иконата Богородица Геронтиса.
Другиот ден со брод се упативме кон разгледување на манастирите.
Ставроникита, потоа доаѓа манастирот Ивирон каде се наоѓа една од најпознатите икони на Света Гора, Иверската икона. Според преданието кога неа ќе ја снема од тоа место, тоа е еден од знаците на доаѓањето на крајот на светот.
Бродот продолжи кон манастирите Филотеј и Каракал, но за жал не не однесе до последниот манастир од оваа страна на Света Гора, манастирот Велика Лавра, првиот манастир изграден на ова место, од каде што започнало се. Го изградил Свети Атанасиј Атонски на почетокот на 10 век.
Тргнавме за назад и пред да слеземе на пристаништето од манастирот Хиландар, од бродот го видовме вториот по хиерархија, а сега можеби и најголем и најбогат манастир на Света Гора, манастирот Ватопед.
Бродот потоа не однесе на пристаништето на српскиот манастир Хиландар – великата царска лавра. Кога стигнавме во манастирот во црквата се поклонивме на чудотворната икона „Богородица Троеручица“, тука е и лозата на Симеон Мироточив и бунарот на Свети Сава, кои исто така според преданието на Света Гора, кога лозата ќе се исуши, а бунарот ќе престане да има вода, тоа се исто така едни од знаците за доаѓањето на крајот на светот. Хиландар е 4 по хиерархија од 20-те манастири во Света Гора.
МАНАСТИР ХИЛАНДАР
Бидејќи немавме многу време пешки тргнавме кон манастирот Зограф. Патот кон Зограф води и низ шума, но се оди и по макадам пат по кој исто така може да се оди со возило. Ние се одлучивме за пешки. По скоро 2.5 часа стигнавме пред бугарскиот манастир Зограф, посветен на Свети Ѓорѓи.
Зограф е основан во 919 година од тројца браќа од Охрид Мојсеј, Арон и Јован. Според преданието тие не знаеле на кого да го посветат па затоа подготвиле даска која ја оставиле во црквата и започнале да се молат на Бога според на светител да биде посветен манастирот. Необична светлина се разлеала од црквата, а кога браќата влегле таму виделе дека на даската бил саможивописан ликот на Св. Великомаченик Ѓорѓиј. Оттаму манастирот го добива и името Зограф.
МАНАСТИР ЗОГРАФ
Низ историјата тука имало замонашено огромен број Македонци. Манастирот поседува голем број мошти и две ќудотворни икони ан Свети Ѓорѓи. Тука се чува и жезлото на последниот Охридски Архиепископ Арсениј, кој по укинувањето на Архиепископијата во 1767 година, доаѓа тука, каде и умира. На наше огромно задоволство монасите ни дозволија да го видиме жезлото кое сега се чува во манастирската ризница.
Четвртиот ден требаше да ја напуштиме Света Гора и од пристаништето или арсаната на манастирот Зограф се качивме на брод назад до Уранополис. Како што први не пречекаа така и последни не испратија галебите кои повторно не следеа преку целото патување од околу 1 час. Зад нас ја оставивме Света Гора со надеж дека повторно ќе се вратиме тука најбрзо што можеме.