ВИДЕО – Атрактивните профили на економското училиште нудат голема перспектива во иднина за младите


Деветтооделенците од Прилеп денеска и вчера преку „Отворениот ден“ имаа можност да се запознаат со атрактивните смерови во економското училиште „Кузман Јосифоски –Питу“, кои во последниот период доста ги привлекуваат младите затоа што веднаш по самото завршување на училиштето нудат можност за вработување, поради соработката на училиштето за практична работа со голем број наши компании. Училиштето нуди профили со 4 и 3 годишно траење. Економските профили кои гу нуди ова училиште, а кои траат 4 години се: економски техничар – дуална паралелка, каде децата одат на пракса „Дата економик биро“, „КБЛ Контобиро“, „Комфи Ангел“, „Металотехника“ и „Електгроелемент“, а добиваат и стипендија од 3.500 денари, потоа следува профилот економски техничар / бизнис администратор со зголемен фонд на часови по практично образование, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, како и профилот референт за продажни услуги / асистент деловен администратор кој трае 3 години.

За четиригодишното траење најатрактивен е економскиот техничар – дуалната паралелка, потоа имаме економски техничар која е основна паралелка со зголемен број на часови по практично образование. Најатрактивна во моментов е паралелката што ја промовираме од претходната година, таа е паралелката за техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, која во моментот на пазарот на труд е најбарана и кадрите кои ќе го завршат овој профил се најмногу барани и најдобро платени професии во моментот. Во нашето училиште исто така постои и смер со 3 годишно образование, тоа е профилот за продавач или асистент за трговија и маркетинг, кои ученици по овој смер по завршувањето на образованието се професионални продавачи.

Предностите кои ги нуди нашето училиште е тоа што всушност профилите, односно кадрите кои ги едуцираме по завршувањето на образовниот систем на 4 годишното образование, учениците можат своето место да го најдат на пазарот на трудот, а исто така од друга страна да го продолжат образованието на факултетите, односно на високиот степен на образовние. Од нашето училиште произлегуваат доста успешни бизнисмени кои го нашле својот пат во бизнис секторот. Имаме доста успешни директори, професори, имаме успешни правници, адвокати, нотари“, истакна Весна Дворчанец, професор по економски предмети.

 

Освен економските смерови „Кузман Јосифоски –Питу“ го нуди и правниот профил.

Сакам да испратам апел до учениците кои во иднина се гледаат како правници, како адвокати, судии, нотари, извршители дека најдобар начин и можност е да се запишат во нашето училиште. Нашето училиште нуди широк спектар и можност за изучување на правни предмети, кои во иднина на учениците ќе им бидат една основна и соодветна подлога при продлабочувањето на понатамошното образование на некој од правните факултети. Исто така сакам да напоменам дека учениците во текот на целата учебна година преку предметот учење преку работа посетуваат практична настава, извршуваат практична настава во некои институции, кај адвокати, кај извршители итн., со што имаат можност да го продлабочат своето знаење и да ги продлабочат своето знаење и своите практични вештини. Сакам да напоменам дека и во текот на летото ние извршуваме феријална пракса, практична настава која е во траење од 10 дена, каде учениците посетуваат кај претходно наведените институции како што кажав, или кај адвокати, нотари и извршители практична настава“, додаде Ангела Стрезоска, професор по правни прадмети.

 

Училиштето „Кузман Јосифоски –Питу“ денеска одбра и еден интересен начин на промоција на своите профили кои нуди, односно преку спортски натпревар – турнир во мал фудбал помеѓу сите паралелки на деветтодделенците од нашата општина.

Денеска за прв пат во нашиот град организиравме еден друг начин на презентација и претставување на нашето училиште со организирање на одлични спортски активности, поточно организирање на турнир во мал фудбал меѓу сите деветтоодделенци во нашата општина и околните места. Морам лично да кажам дека сум премногу задоволен од интересот на децата, односно пријавени беа 26 екипи со присуство на преку 160 ученици. Учениците во слободното време организирано одат кон нашите штандови и ги запознаваат нашите профили што се застапени во нашето училиште“, изјави Слободанчо Ристески, професор по физичко образование.

На турнирот присуствуваше и претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој на победниците им ги додели наградите. Третото место го освоија деветтооделенците од ООУ „Ѓорче Петров“ од с. Ропотово, второто место им припадна на учениците од „Блаже Конески“ Прилеп, а први на овој турнир беа учениците на основното училиште „Исмаил Ќемнали“ од с. Црнилиште.

 

 

Економското училиште оваа година одбра да се претстави на поинаков начин, на поинаков отворен ден пред деветтооделенците од нашата општина и од околните општини. Меѓу другото, освен презентацијата на профилите кои ги имаме во ова училиште, би сакала да се пофалам и со многубројните Еразмус проекти кои ги работиме и на кои учествуваат нашите ученици, одлична можност за деца од сите профили да можат да учествуваат и да разменуваат искуства со деца од други држави. Ете сега може да се пофалиме со еден нов проект кој го добивме и моментално имаме 8 ученици во Сандански кои што ќе бидат на стручна пракса 28 дена“, потенцираше Христина Бозоска Николоска, директорка на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

И учениците во економското училиште ги објаснија предностите поради кои се запишале тука, особено тоа што училиштето нуди доста практична работа, како и соработката и можноста за учествои во Еразмус + проекти.

Покрај теоретското знаење нашиот смер нуди практична настава која се одвива во вистински компании и која ни нуди по 3.500 денари месечна стипендија. Исто така нашето училиште е дел од Еразмус + проектите каде во моментот наши соученици се во проект во Бугарија“, рече Валерија Здравева, ученичка во дуалната паралелка економски техничар.

 

Јас како правен техничар можам слободно да кажам дека ние голем акцент ставаме на правните предмети, учиме стручни правни предмети, а исто така покрај теоретското знаење кое го овавуваме овде на училиште, ние одиме и на практична настава, односно 1 ден во неделата одиме кај работодавачи, односно кај адвокати, извршители, нотари, во институции и во Основниот суд во Прилеп, каде нашето стекнато знаење овде го изнесуваме практично. По завршувањето на секоја учебна година посетуваме и феријална пракса. Јас како правен техничар и како ученичка овде имав можност да бидат дел од Еразмус проектите, 2 пати, еднаш во Грција и еднаш во Бугарија и можам да кажам дека Еразмус проектите многу придонесоа за моето знаење да се зголеми. Исто така англискиот јазик сега ми стана постручен и го применувам и во секојдневието“, кажа Антонија Трајчева, ученичка во профилот правен техничар.

 

Референт за продажни услуги и бизнис администратор, комбинирана паралелка, дуална паралелка каде учениците добиваат 3.500 денари месечно во текот на учебната година и се во редовна пракса, тие се во реални компании и гледаат како се одвива тоа. Тие се стекнуваат со вештини кои ги има секој економист и успешен претприемач. Исто така учениците од нашето училиште учествуваат во „junior achievement“ и во натпреварите на МАССУМ“, посочи Михаела Слабакоска, ученичка во „Кузман Јосифоски –Питу“.

Поради атрактивноста на профилите очекувањата се дека оваа година ќе има огромна заинтересираност за запишување во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи