ВИДЕО – Идната недела започнува изградбата на водоводот за манастирот Трескавец


Конечно идната недела ќе се започне со изградба на водоводот за манастирот Трескавец кај Прилеп. Водоводниот систем е еден од условите за да новите конаци добијат технички прием, затоа што и покрај нивната изградба тие повеќе од 2 години не можат да примат посетители. Средствата се обезбедени од ТАВ Македонија, во висина од околу 100.000 евра, а со дополнителни 3 милиони денари учествува и Општина Прилеп. Се очекува изградбата да трае 4 месеци.

После завршувањето на овој проект „Водовод и канализација Прилеп“ ќе биде краен корисник и ќе го одржува целосно овој систем, значи одржувањето ќе биде под наша контрола. Наредна постапка е втора фаза за изработка на проект за мини прочистителна станица и со тоа да се заврши една добра и убава приказна за самиот манастир“, изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Основновниот проект врз кој е дадено одобрението за градба е изготвен 28.12 2022 година. Со тоа се завршени сите обврски на Општината.

Самиот изведувач „ТАВ Македонија“ има одбрано подизведувач кој ќе ги врши градежните активности, а тоа е „Игнација“ од Битола. Бидејќи се работи за манастирски комплекс и тој е културно заштитено наследство, надзор над работите мора да има и музејот со кого имаме склучено договор како Општина, во смисла да не се наиде на некои историски артефакти“, потенцираше Татјана Попоска, раководител на сектор урбанизам во Прилеп.

Но за да дојде до технички прием ќе мора да се почека и на изградба на мини пречистителна станица за целиот комплекс. Моментално во фаза била подготовката за изработка на проектот за истата, да се направи пресметка колку луѓе треба да опслужујва, колку истата би чинела, а потоа треба да се обезбедат и финансии за нејзина изградба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи