Крајот на учебната година во Прилеп денес беше најавен, а воедно и прославен со слатката манифестација „Палачинкијада“. Големиот број на присутни ги забавуваше Биби, а секако тука беа и вкусните палачинки. На најдобрите ученици им беше доделена пофалница од страна на Општина Прилеп за постигнатиот успех во изминатата учебна година.
„Општина Прилеп и јас како градоначалник, сакаме на сите ученици да им посакаме среќен летен распуст, исполнет со многу игра, смеа, но и читање на лектири и мала подготовка за наредната учебна година! Воедно сакам да ви се заблагодарам што сите вие бевте оваа година одлични ученици, пред се прекрасни деца, прекрасни другари, вредни, упорни и истрајни до крај“, рече градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Овој настан се реализираше благодарение на прилепскиот бизнис сектор: Мермерен Комбинат, Авто Контрол, аптеките Мента Фарм, Општина Прилеп, како и вработените во детските градинки „Наша Иднина“, ЈП за ПУП, ЈКП „Комуналец“ и Терминал Комуналец.