ВИДЕО – Во Крушево се одржа Балканско првенство во џудо за кадети/ки, над 400 учесници од 12 држави


Во Крушево викендов се одржа Балканско првенство во џудо за кадети и кадетки. Учествуваа над 400 натпреварувачи од 12 држави. Првенството помина во најдобар ред, а Џудо федерацијата на Македонија уште еднаш докажа дека е подготвена да организира натпревари од највисок ранг.

Македоската репрезентација освои два бронзени медали, во женска конкуренција!

Во екипна конкуренција златото го  освои репрезентацијата на БиХ, со сребро се закитија репрезентативците на Романија, а бронзата им припадна на Турција и Грција.

Погледнете како изгледаше атмосферата во Крушево во изминативе 3 дена.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи