ВИДЕО – Ќе се гради корито на каналот од ул. „Александар Македонски“ до Градската река


Ќе се гради корито на каналот кој води од ул. „Александар Македонски“ до Градската река, што се наоѓа на излезот од Прилеп кон Плетвар покрај т.н. егејски згради. Инвестицијата ќе чини 7.5 милиони денари, од кои 5.5 милиони денари се средства на Министерството за животна средина, а со 2.350.000 милиони денари ќе учествува и Општина Прилеп. Каналот во моментов нема корито и целиот е обраснат со трева.

„Можеме да се пофалиме дека после толку години добивме еден нов проект, кој беше потпишан во Министерството, тоа е проект за подобрување на комуналната инфраструктура за атмосферските води во општина Прилеп. Многу значаен проект, одводен канал за атмосферска канализација, инфраструктурно почнуваме да ги решаваме и проблемите децениски кои ги има општина Прилеп. Проект е од улица „Александар Македонски“, од влезот на градот до самото речно корито, должината е околу 110 метри на овој отворен атмосферски канал. Според договорот службите сега треба да почнат со изведба на проекти. Во разговорите што ги имавме кога го разгледувавме овој договор, според наше мислење до крајот на годината ќе биде завршена комплет изградбата на овој канал“, истакна Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи