Изминатиов викенд од 9 -11 Јуни во Романија, Урои се одржа првото коло за оваа годинаа на Еврпоскиот куп во параглајдинг во дисциплината прецизно слетување. Борјан Јованоски, македонскиот параглајдинг репрезентативец и член на Параглајдинг Клубот Делта од Прилеп го освои првото место на Еврпоскиот Куп во Романија.
Покрај променливите временски услови, на овој натпревар успешно се постигна 6 серии, каде што Борјан го освои златото со вкупно 9 негативни поени. Подиумот заедно го подели со Маркета Томашова од Чешка која го свои второто место со 15 негативни поени, а додека пак третото место му припадна на словенецеот Ренато Херега со 19 негативни поени.
Истовремено Борјан заедно со неговиот тим освоија бронза, односно трето место во тимски пласман на овој натпревар. Од позначајните натпревари што го очекува Борјан и македонските параглајдеристи за оваа година се Европските купови во Чешка и Србија, Светски куп во Германија и Светско Првенство во Бугарија, се надеваме на повторни вакви успеси.