ВИДЕО – Со концерт на CROSSROAD BLUES BAND започна проектот „Од 0 до култура“, концерти ќе има цело лето


„Од нула до култура“ е новиот проект на Општина Прилеп кој започна синоќа на Камената бина во центарот на Прилеп. Проектот вклучува настапи на музички групи со концерти насловени Tribute to… Односно концерти посветени на великани од светската и домашната поп и рок култура, кои имаат големо влијание врз културна наобразба на младите. Синоќа пред публиката се претставија CROSSROAD BLUES BAND. Целата идеја за реализација на овој проект била на прилепчанецот Кире Конески.

„Затоа што музиката како сегмент е една од најважните за формирање на секоја личност, а посебно на младите. А тие пак сме сведоци дека денеска се изложени на доста неквалитетна музика, особено во местата каде излегуваат, не сите, но повеќето. И се надеваме дека со ова ќе придонесеме да оформување на личноста со едни квалитетни концертни настапи“, истакна Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Примарна цел на овој проект е да влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Младите бендови ја поздравуваат оваа иницијатива.

„На овој фестивал ќе се претставиме со екс ЈУ музккан и наша забавна музика, се базираме на свирење на екс ЈУ рок и македонски поп и рок“, рекоа од бендот LOCKDOWN.

 

„Јас сум член на групата THE DOCTORS ние сме прилично нова група, ние ќе свириме tribute to Red Hot Chilli Peppers“, кажа член на бендот THE DOCTORS.

 

„Во моменталнава ситуација многу ретко се наоѓа место каде се свири рок, многу ретко кој локал си го дозволува тоа“, вели член на бендот NO CIGARETS.

 

„Го поздравуваме овој проект кој ќе се реализира во текот на летото, ова беше насушна да речам потреба за нашиот град“, кажа член на бендот THE SCHMUCKS.

 

„Клубови кои ги знаев дека беа rock and roll настроени сега се покафански бидејќи тоа собира повеќе пари“, додаде друг член на бендот THE SCHMUCKS.

 

„Одличен пример за тоа како треба да се раздвижи музичкиот живот, особено младите да бидат приметени на музичката сцена“, вели член на бендот ROCK BLUES BAND.

 Планирани се околу 10 настани, почнувајќи со овој вчера па се до крајот на месец август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи