На 22.06.2023 во реонот на вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од ОВР Прилеп ги затекнале Н.Ј.(44), И.К.(25),С.А.(25) и Ѓ.И.(29), сите од Прилеп, при нелегален транспорт на огревно дрво, со едно моторно возило и четири запрежни коли.
Дрвата, моторното и запрежните возила, како и три моторни пили, биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.