Одложен „ПИВО ФЕСТ 2023“!

Почитувани Прилепчани и пошироката јавност, сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на „ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023“ се одлага за следната 2024 година со нова локација, концепт и содржина на програмата, стои соопштението од единствениот пријавен организатор за овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото ПИВО ФЕСТ 2023, Здружение Интернационален Фестивал  за пиво и скара „Пиво Фест“ од 2003 Прилеп.

Образложението на организаторот е следно:

„На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина  Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука дека „ПИВО ФЕСТ 2023“ нема да се поддржи и одржи.   Додека пак Советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06.2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на „ПИВО ФЕСТ 2023“. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се поддржи и одржи фестивалот??). За жал оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот  е ПРЕДОЦНА донесена. Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11.2022 и во април 2023 до Општината за организација и локација на „ПИВО ФЕСТ 2023“ се уште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини „ПИВО ФЕСТ 2023“ е спречен да се одржи. Се извинуваме до прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на „ПИВО ФЕСТ 2024“. ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ“, стои во соопштението на Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара „Пиво Фест“ од 2003 Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи