Женскиот камерен хор „Керамија“ единствен претставник од Прилеп на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО“

Кога се има желба и страст кон некоја работа, нема граница која човек ќе го запре за да ја оствари. Токму љубовта кон хорската уметност беше повод за формирањето на женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп.

Со голем ентузијазам се започна со работа во јануари 2023 година под диригентската палка на Катерина Попоска како наш најголем ентузијаст и вљубеник во хорската песна. Во женскиот камерен хор членуваат хористки со предходна музичка подготовка, но и аматери.

Катерина Попоска е дипломиран музичар на факултетот за Музичка уметност во Скопје. Со претходно хорско искуство во текот на студиите и како член во повеќе хорови во Скопје, а во Прилеп и како помошен диригент во хорот „Св. Благовештение“ и „Св.Петка“ од Прилеп во периодот од 2016-2017 и како активен диригент од 2018-2022 во хорот „КУД Пере Тошев“ кој учествуваше на повеќе хорски фестивали во Р. Македонија и надвор од државата и тоа во Р. Србија, Р. Бугарија и Р. Грција.

„Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО“ кој важи за еден од позначајните хорски манифестации низ историјата на хорската традиција во Македонија се одржа на 24 и 25 јуни во Тетово, каде што учествуваа 17 хорови и од Македонија но и од соседните држави. Оваа година „ТЕХО“ славеше 50 годишен Јубилеј, а за „Керамија“ тоа беше можност да го обележи својот Прв настап, своето прво запејување на кое јас како диригент сум особено горда зашто за релативно кратко време успеавме да подготвиме солиден репертоар од духовен катактер и да се претставиме во најубаво светло.

„Керамија“ воедно беше и единствениот претставник од Прилеп.

Хорот настапи во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово со византиските напеви под наслов „Достојно ест“ од Григориј Протопсалт, „Отче наш“ од Гоце Секулоски,  „Радуј се невесто неневесна“ од Св.Нектариј Егински – арж. Бурим Хидри, потоа „Тебе појем“ од Ст.Мокрањац, и „Слава Оцу и сину“ од Д.Бортњански. Солисти беа Ане Г. Чесноска – сопран, Невена Базерко-Гаралоска – алт и Катерина Попоска – мецосопран.

„Керамија“ ќе продолжи да живее и да ја негува хорската уметност и со уште поголем елан и работа. Во следниот период  е планирано да биде обработен репертоар со кој ќе опфатиме повеќе стилови во музиката.

До крајот на годината предвидено е учество на Интернационалниот Фестивал на камерни хорови „Астибо фест“ во Штип, поточно во месец септември, а потоа планиран е и  целовечерен концерт на женскиот камерен хор „Керамија“ во Прилеп.

Да нагласиме и покрај тоа што хорот „Керамија“ како Амбасадор на градот Прилеп на „ТЕХО“ Тетово, самостојно ги сноси трошоците околу фестивалот“, изјави диригент Катерина Попоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи