Сообраќајка во Прилеп – едно од возилата заврши во кејот на градската река

На 02.07.2023 во 13.00 часот на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и сопатник З.М.(33) и патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки управуван од М.З.(26) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „опел“ З.М. ,додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“ М.З кои им биле констатирани од лекар во Градската Болница Прилеп.

Увид на местото на настанот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи