Тур Де Галичица викендов во Преспа

После оправданата пауза од 2 години Тур Де Галичица се враќа на сцената со побогато и проширено издание на кое ќе бидат застапени неколку видови на спортови и тоа:

  • Велосипедизам
  • Спортско качување
  • Параглајдинг
  • Планинарење
  • Трчање на 5км низ улиците на Ресен

Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „ПРЕСПА БАЈК“ и Националниот парк Галичица. Истите ќе се погрижат Преспа да биде центар на активниот туризам во периодот од 07 до 09 јули и ќе им понудат тродневно уживање на љубителите на спортот, природата и на вкусната храна и мезалаци.

За спортското качување ќе се погрижат инструктори од Спортско качувачка федерација на Македонија , кои ќе постават јажиња на неколку насоки со различна тежина и ќе им помогнат на сите оние кои што ќе сакаат да пробаат да качуваат.

Параглајдинг летовите се во организација на клубот за параглајдинг „КОНДОР“ од Прилеп.Сите учесници кои ќе се пријават за учество на настанот , ќе можат да ја искористат поволноста за тандем лет по промотивна цена од 4000 денари.

Повеќе детали за настанот на следниот ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи