ВИДЕО – Земјоделците бараат државата да ја надополни разликата помеѓу откупната и за нив рентабилната цена за пченицата


Земјоделците бараат државата да ја надополни разликата помеѓу берзанската и цената која според нив е рентабилна за производство на еден килограм жито. Во моментов млинарите на производителите им давале само 11 денари за килорам, а тие бараат цената да биде минимум 18 денари. Велат дека тие одговориле на ланскиот повик на државата да засадат повеќе пченица, за да бидеме се помалку увозно зависна земја сега било на ред државата да им врати парично.

Со оваа цена која од прилика е понудена од страна на млинарите од околу 11 денари во ниту еден случај тоа не е исплатлива цена за нас, не е прифатлива. Разликата ќе ја побараме од државата, секоја сериозна држава мора да има во предвид дека ако нас ни наложи да произведуваме храна, пченица, тогаш таа е должна разликата да ни ја плати, со тоа што ние добиваме стимул за и в година да сееме пченица, да не би биле зависни од увоз на пченица“, истакна Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјделци и фармери на Македонија.

За разлика од лани имало зголемување на површините под пченица за 13%, но поради дождовите кои ги има сега во моментите кога зрното треба да зрее се очекува да има род помалку за 10 до 20%. Но точната бројка на родот ќе се знаела кога ќе запчочне жетвата. Од оваа реколта се очекувале околу 260.000 тони домашна пценица, а Македонија годишно трошела од 320 до 330.000 тони, остатокот се надолнувал со увоз. Како еден од начините за надминување на ваквите проблеми со берзанската цена во иднина, земјоделците предлагаат и промена во системот на купување на пченица за стокови резерви.

За стокови резерви тендерот го зема една фирма и набавува онолку колку што има предвидено, пример 15 милиони килограми дека треба да се откупи за стокови резерви. Ние реагираме на таа ситуација, еве и сега јавно реагираме, не смее да биде еден откупувач за стокови резерви. Бараме ние тие 15 милиони килограми да бидат поделени на 5 откупни пунктови, а тоа значи дека сите региони ќе бидат опфатени со дел од стокови резерви на пченица. И тука го гледаме дел од излезот ако случајно велиме дека откупната цена ни е ниска“, додаде Стојкоски.

Доколку не ја добијат ценовната разлика земјоделците се закануваат со протести и блокади на патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи