Четири лица се лишени од слобода во вчерашната контрола на подрачјето на Прилеп, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена од полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.
При контролата, соопштија денеска од МВР, биле затекнати четири лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица.
„М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути“, појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.