ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и директорот Влатко Кузманоски покажуваат дека се грижат за децата и учениците и по завршувањето на училишната година. По неколкуте градежни зафати, деновиве комплетно беа измиени и исчистени од прашината спортските терени во дворот на училиштето, кој се користи од страна на младите секој ден за играње на на различни спортови. Секојдневно дворот, особено во попладневните часови, е посетен од 100-тина деца кои тука спортуваат и играт. Училишниот двор на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е еден од најискористуваните школски дворови за спортски актвности.
„Училишните дворови се местата каде што се градат спортски навики, вистински другарства и младешки спомени во текот, но и по завршувањето на учебната година. Да им овозможиме место на нашите деца на кое што ќе градат и ќе се изградат во квалитетни млади луѓе“, изјави директорот Влатко Кузманоски.