Трајно укината железничката станица Ореше која покрај жителите ја користеа и планинарите кои ја искачуваа Солунска Глава

Македонски Железници ја укина Орешка станица, единствената станица на пругата Богомила – Прилеп која ја користеа планинарите кои се искачуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Ореше и Папрадиште.

Застанувањето на станицата е укинато од страна на Македонски Железници АД Транспорт, затоа што анализата која ја направиле покажала дека многу мал број на луѓе ја користат истата и запирањето на возот пред угорнината пред долгиот тунел за селото Гостиражни било неисплатливо.

Станицата Ореше трајно е укината од 1 јули.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи