Од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Прилеп спроведена е акциска контрола од 00.00 до 04.00 часот во угостителски и други објекти за присуство на малолетници во нив.
За време на контролата во два угостителски објекти во Прилеп затекнати се 34 малолетници, а кај 11 малолетни лица било констатирано дека се под дејство на алкохол. За сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Акциската контрола е спроведена во рамки на „Безбедно лето 2023“.