„Звуците на градот“ – музичка вечер на платото пред ЦК „Марко Цепенков“

На 18 јули 2023,  вторник од 20.00 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи музичката вечер „Звуците на градот“.

На музичката вечер со избор песни ќе се претстават:

 КУД „Пензионер“,

Женската пејачка група „Преродба“ ,

КУД „Пере Тошев“ и

 Октетот Прилеп.

КУД „Пензионер“ работи под покровителство на Здружението на пензионери, пејачката група „Преродба“ со поддршка и во склоп на истоименото здружение, КУД „Пере Тошев“ е пејачки состав на пензионираните просветни работници, кое постои од 1987 година и во својот догашен опстој негува богата музички репертоар, хармонизирани македонски староградски  народни песни, ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.

Октетот Прилеп работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и досега реализирал бројни концерти, имал настапи на фестивали на староградска музика, а чест гостин е на манифестацијата Илинденски денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи