Поради топлотниот бран Општина Прилеп ги ослободи од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години

Поради топлотниот бран и почитувајќи го Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, Општина Прилеп и ЈКП како работодавци ги ослободија од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години кои се ангажирани во овие локални институции.

„Ние како локална самоуправа, во координација со  Црвениот крст – Прилеп организирано ќе пружиме помош на стари, изнемоштени лица и бездомници. На неколку места од центарот на градот ќе бидат поставени и пунктови со вода, иако препораката за избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот ,важи за сите граѓани“, посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Воедно, поради препораките за  избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот се запираат сите активности во овој период кои се однесуваат на работата на градежните работници, вклучително и работата на работниците на патната локална инфраструктура, со цел заштита на работниците од топлотниот бран.

Мерките се од времен карактер и ќе траат  четири дена, од 13 – 16 јули, односно  следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи