На 12.07.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(52) од Прилеп. При претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.
На 13.07.2023 на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп привеле малолетник од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.