Денес штитениците на дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Порака“ ги посетија просториите на Здруженето за хуманитарна и социјална акција „Преродба“,каде штитениците директно имаа можност да ја видат и да го почувствуваат духот на македонската традиција, преку традиционално украсените простории.
Со посетата на „Преродба“, дневниот центар го заокружи серијалот на работилници на тема „Култура, традиција и обичаи“.
Дневните центри креирани и раководени од „РЦПЛИП – ПОРАКА“, меѓу кои е и дневниот центар во Прилеп, обезбедуваат поддршка на лицата со интелектуална попреченост на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостодно живеење, работно-окупациони програми, образовни програми и социјални активности за лицата со интелектуална попреченост. Истовремено, дневните центри обезбедуваат поддршка на семејствата, преку опфаќане на нивните членови со интелектуална попреченост во еден период од денот, давајќи им подобри услови на семејствата за поуспешно семјено функционирање и можност за вработување на родителите, а со тоа зголемуваье на скромниот семеен буџет.