Доаѓа крајот за овие луѓе кои 6 години ја пустошат, понижуваат и пљачкаат Македонија. А после крајот доаѓа и соочување со реалноста и со многу криминал кој го имаат направено, истакна денеска во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Дел ќе бегаат претпоставувам, бидејќи имам такви информации дека се пакуваат, има еден пример и тука во Прилеп за еден многу значаен лик тука кој дивее низ градов 6 години, со возен парк од неколку стотици илјади евра. Се подготвуваат за бегање, но нема бегање, ќе ги најдеме каде и да бегаат јас ви ветувам дека ќе ги најдеме и за уши ќе ги донесеме тука и ќе ги вратат парите што ги крадеа од народот. Редовните избори се набргу, а јас посакувам избори час поскоро, еве есента е одлична можност, но ние како ВМРО ДПМНЕ немаме 61 пратеник во парламентот, но како и да е и редовните избори се за неколку месеци од денес“, истакна Мицкоски.