ВИДЕО – Мицкоски: Министрите вчера не кажале дека ќе има изолација туку задоцнување во процесот на ЕУ интеграција


Јас разговарав вчера со тројцата министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка. Имавме навистина аргументирана дебата, во парламентот ги кажавме нашите ставови, тие ставови се исти и непроменети и ако некој ја изолира Македонија тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и неспособности да спровердат реформи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Промената на Уставот не е критериум како што вие велите за изолирање на Македонија, а од друга страна од истите тројца добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот изолирање, туку рекле дека ќе има задоцнување во процесот, а задоцнување во процесот ќе има заради тоа што владата на Ковачевски потпиша договор под бугарски диктат кој народот не го прифаќа и е надвор од политички консензус.

Основен виновник ако Македонија задоцни во процесот е оваа криминална влада затоа што освен тоа што потпишува докогови на слепо, многу краде и е неспособна. Се‘ ова да беше спротивно од ова што го зборувам ние денес ќе зборувавме за отворање на кластери, отворање на поглавја итн. Но и тоа ќе се случи, со промена на оваа Влада ќе дојдат луѓе кои ќе знаат како да ја извадат Македонија од оваа состојба во која се наоѓа.

Во право сте, следната недела најавени се тројца министри за Европа, на Сојузна Република Германија, на Франција и на Полска. Повторно ќе кажам, доколку доаѓаат за уставните измени нашата порака е иста, нашите аргументи се исти, од таа страна јас не слушам нова поента и ако доаѓаат за тоа навистина ќе бидам разочаран и загрижен, бидејќи овој народ овде, а и низ цела Македонија, последна работа која им паѓа на памет се уставните измени.

Луѓето имаат реални суштински проблеми како да го поминат месецот од први до први, како да се подготват за следната учебна сезона, за следната грејна сезона. На земјоделците важно им е дали ќе има уставни измени или ќе го продадат производот, по тоа по кое пот и крв давале? Тоа е суштината, луѓето умираат по ходници по болниците, децата добиваат учебници на крајот на учебната година итн. Ние имаме многу суштински и реални проблеми кои се многу поважни од тоа кое што треба да ги одржи некој месец повеќе на политичката сцена луѓето кои немаат народен легитимитет како Маричиќ, Ковачевски, Османи и останатата група таму во Влада“, кажа Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи