ВИДЕО – Мицкоски: Прилеп годишно ќе добива од 8 до 8,5 милиони евра од централниот буџет, надвор од капиталните проекти


Сакам да најавам една работа која е многу значајна и која идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе ја има како прв приоритет, а тоа е реалокација и реинвестирање од страна на централниот буџет во општините во Македонија, не помалку од 250 милиони евра на годишно ниво, истакна денеска во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Овде во Прилеп се планирани за проекти кои идната влада на ВМРО ДПМНЕ планира да ги реализира во вредност од 8 до 8 и половина милиони евра на годишно ниво, што би значело помеѓу 32 и 35 милиони евра за еден мандат. Тоа се капитални инвестиции надвор од буџетот на Општината кои директно државата ќе ги инвестира за подобар живот, за подобри услови за живот на прилепчани и сите оние кои се дел од општина Прилеп. Тоа е еден навистина исклулчително значаен проект кој идната влада на ВМРО ДПМНЕ планира да го прави, реалокација на средства од централниот буџет за инвестиција на капитални проекти низ Македонија. За таа цел, ќе повторам уште еднаш, за Прилеп ќе бидат одвоени од 8 до 8 и половина милиони евра, или во еден мандат од 32 до 35 милиони евра средства.

Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднаш да му честитам на Борче, на Советот, на пратениците за храбрата борба, условите за работа се навистина тешки, опструкции од страна на оваа криминална Влада на ДУИ, поддржана од СДСМ, но ќе продолжиме да се бориме, уште неколку месеци и доаѓа до примена, уште неколку месеци не двојат до новата влада на ВМРО ДПМНЕ и едно ново време со многу проекти и многу работа“, додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи