Од 17 до 23 јули ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2023“

Од 17 до 23 јули 2023 г., по 15 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2023“ на која ќе учествуваат 19 уметници од земјава и од странство.

„И годинава уметниците ќе работат на слободна тема, во повеќе дисциплини – скулптура, инсталација, сликарство, користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали за уметниците кои ќе изработуваат инсталација, како и акрил на платно. Очекуваме годинава да се создадат 40 – тина нови уметнички дела, кои ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот.  Колонијата започна како сликарска, а од 2021 меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков“-Дрен почнува со работа во скулпторски медиуми (метал, дрво, мермер…) со што  се додава дополнителен квалитет на колонијата и се става акцент на работата во различни медиуми. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија“, вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи