Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажнита цена на дизелот од полноќ за 2 денари, додека цените на бензините остануваат непроменети.
Па така од 15.7.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 41,784 (денар/килограм)