Царинска управа излезе со соопштение што може да носите со себе при влез и излез од државава

Царинската управа на својата фејсбук-страница објави што се и во колкави количини е дозволено да се внесе при влез и излез од државата.

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН

  • 200 ЦИГАРИ
  • 100 ЦИГАРОЛОСИ
  • 50 ПУРИ
  • 250 гр. ТУТУН

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

  • 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
  • 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА

  • ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
    ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА
  • ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
    СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ

  • ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
  • ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

  • СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ
    ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
  • (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)

ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ

  • ЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:
  • ПАСОШ
  • ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи