Одбележани 79 години од загинувањето на непрогласената „Народна хероина“ – прилепчанката Вера Циривири – Трена


По повод 79 години од загинувањето на непрогласената „Народна хероина“ – Вера Циривири – Трена (Прилеп, 1921 – Штип, 15.07.1044), пред нејзиното спомен обележје во Штип и пред бистата во кругот на Тутунскиот Комбинат во Прилеп почит оддадоа претставници на Општинските организации на Сојузот на борците од НОАВН 1941 – 1945 и Граѓаните продолжувачи од Прилеп и Штип.

Вера Циривири во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година таа била и еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти.

За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива.

По партиска задача заминала за Штип  каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи