ВИДЕО – Ковачевски за уставните измени: Се надевам на надпартиски консензус за европската иднина на државата


За уставните измени вчера Владата информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог – иницијативата за уставни амандмани дека одлуката е едногласно донесена и доставена до Собранието, рече Ковачевски.

„Собранието согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, а потоа и на пленарна седница. Моите очекувања се дека прво ќе имаме плодна дискусија, конструктивна расправа и дека ќе има надпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. Бидејќи амбасадорот е тука, многу јасно кажува дека сега од нас зависи и одлуките кои ние ги носиме, како и на кој начин и колку брзо ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција. Сметам дека се работи за уставни измени кои не задираат во ниту едно идентитетско прашање, вие гледате вчера беа објавени и немаше ниту еден негативен коментар, ниту во медиумите, ниту било каде. Ние сме мултиетничко општество кое што е пример за Европа во мало и сметам дека нашите пратеници, 120 на број во Собранието ќе имаат и визија и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се‘ обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и идните генерации“, кажа Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи