Вчера вицепремиерот Битиќи на новинарско прашање на пресконференцијата при потпишувањето на Општиот колективен договор со ССМ после 15 години, одговори за одлуката која ја донесе Владата, а тоа е Министерството за економија е задолжено на наредната седница да достави детална информација за сите судски одлуки, постапки, управни постапки кои се водени од 2012 година до денес и врз основа на таа информација потоа да бидат донесени соодветни одлуки за иднината, вака одговори премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање поврзано со рудникот Иловица, дали ќе побара одговорност или оставка од министерот Бектеши.
„Притоа ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните, бидејќи тоа јас јасно сум го кажал како претседател на влада и политичката партија од која јас доаѓам од првиот ден дека рудници единствено може да има со согласност на граѓаните кои живеат во одреден регион, ако се тие против рудник не може да има и тоа граѓаните јасно го кажуваат. Тоа не беше случај со претходната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи тие имаа издадено тогаш 86 дозволи за концесии. Општините, во конкретниот случај Босилово и Облешево веќе ги имаат донесено и одлуките како општини предводени од ВМРО ДПМНЕ да отпочнат работите за отворање на рудници таму. Сега тоа не е случај и откако ќе ги има сите информации доставено до владата, министерот ќе ги сподели со сите медиуми“, кажа Ковачевски.