Приведени дрвокрадци во прилепско

Полицијата ноќеска привела тројца прилепчани кои во реонот на село Беловодица превезувале нежигосани огревни дрва без документација.

„Во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп. Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација“, соопшти МВР.

Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи