ВИДЕО – Целиот развој на Поречието е закочен со децении поради проектирано езеро кое никогаш не е изградено


Целиот развој и урбанизација на Поречието се буквално закочени со децении поради проектирано вештачко езеро кое никогаш не е изградено. Имено во 1974 година како продолжение на езерото Козјак било планирано да се изгради уште едно вештачко езеро. Езерото не се изградило, но во Просторниот план 2005 и 2020 година повторно се превидува ова езеро наречено Калуѓерица. Езерото би се протегало до селото Суводол, а Македонски Брод би бил скоро на самиот брег. Сега ниту се гради езеро, ниту пак се возможни нови градби и инвестиции. Целиот крај е статус кво. Голем број бизнисмени неможат да инвестираат поради оваа причина.

Сакам да изградам сместувачки капацитети до 100 легла, 40 имам моментално, сакам уште 40-50 да направам. Сакам да аплицирам и до ИПАРД програма, многу државата дава за развој на рурални средини, многу дава за такви инвестиции, но кога ќе дојде време да добиеме одобрение за градба тука застанува се‘, изјави Владо Цветаноски, угостител.

 

Еве јас сум повратник од Скопје, тука живеам во село Драгов Дол, имам некои идеи да направам некоја фарма, или да направам покрај реката Треска објект за развој на селски рурален туризам, меѓутоа не можам да добијам одобрение од Општината за градба на објекти“, додаде Јован Костоски, жител на с. Драгов Дол.

Од Општината велат дека оваа година се отвора Просторниот план за Македонија и тоа било шанса да се избрише оваа брана. Затоа што доколку се направи езерото ќе се потопат 6 села, патот Брод-Скопје, пештерата Пешна и сета инфраструктура која се градела со децении тука. Практично комплетно ќе се уништи и отсечи овој крај. А до оние села кои нема да се потопат нема да може да се стигне.

Имаме многу инвеститори кои се заинтересирани да инвестираат во развој на сточарството, но луѓето благодарение што ние не можеме да урбанизираме, истите не можат да ги користат европските фондови и затоа не инвестираат. Исто така имаме доста голем број на инвеститори кои сакаат да инвестираат во изработка на соодветни туристички капацитети, ние не можеме да им обезбедиме соодветни услови за градба и истите си заминуваат. Буквално целокупниот економски развој е закочен“, истакна Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Од Општината се надеваат дека од Владата ќе ги прифатат нивните апели и дека годинава ќе се укине овој за нив апсурден проект кој наместо развој носи само уништување на Поречието.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи