Петар Мирчевски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп освои бронзен медал на 55-тата интернационална олимпијада по хемија

На 55-тата интернационална олимпијада по хемија која се одржа во Цирих, Швајцарија и на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, ученикот Петар Мирчевски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп, освои бронзен медал.

Освен Петар, од натпреварувачкиот тим на Република Македонија, бронза освоија и Марио Ванчоски од СОУ Гимназија „Славчо Сојменски“, Штип и Филип Бојаџиевски од СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје.

Марија Петрова од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ доби пофалница.

Водачи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и проф д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи