Хаундс свират трибјут на Архангел!

Во рамки на културолошкиот проект “Од 0 До Култура” овој четврток на камена бина Хаундс свират трибјут на најкултниот македонски бенд Архангел.

The Hounds е прилепски рок бенд кој во ист состав активно функционира 15 години. Членуваат Јане Петкоски и Крсте Карчески на гитари, Илија Мирчески на тапани и Златко Карчески како вокал и бас гитара. Зад себе имаат безброј клупски и фестивалски настапи, добитници се на бројни награди меѓу кои плакета “3ти Ноември” за ширење и развој на субкултурата во Македонија и автори се на два албуми, “Кај ни се срцата” и “Самосвест”. Моментално авторски работат на ЕП со што ќе го одбележат 15 годишното функционирање на бендот кое ќе се промовира на роденденскиот концерт во Прилеп кон средината на август 2023.

Изминатите недели на бината настапија CROSSROAD BLUES BAND, NO CIGARETTES, The FOUR, ROCK BLUES BAND, The SCHMUCKS, а во наредниот период следат уште и Aleksa Petreski & band, The Doctors, LockDown и The Dreamers.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи