ВИДЕО – Во Прилеп се прави репроценка на имотот според законот од 2021-ва што ќе донесе зголемување на данокот на имот


Според новиот закон донесен во 2021 година секоја Општина ќе мора на секои 4 години да прави репроценка на имотот на граѓаните и правните лица. Дел од Општините, како Кавадарци, веќе завршиле со ова, а Општина Прилеп својата територија ја подели на 6 зони и веќе во тек е оваа постапка. Во Прилеп ваква масовна репроценка не е направена уште од 2009 година и дел од граѓаните се доведени во нерамноправна состојба, затоа што пример во една зграда за стан со иста квадратура граѓаните плаќаат различно данок.

„Еве да речиме прва или втора зона со стан од 750 евра за метар квадратен, ако имате 100 квадрати, ако ви е 85.000 евра имотот со кој располагате вие би платиле 0,10 проценти данок од проценетата вредност или со ослободување од 50%, значи данокот би бил 0,5%. Ако сте плаќале данок од 750 денари по стара методологија од 2005 или 2009 година, сега по новата репроценка тој данок не би бил поголем од 1.100 или 1.200 денари, или то би дошло од 40 до 50 денари месечно плус за данок на имот“, истакна Горан Стојаноски, даночно одделение во Општина Прилеп.

Со репроценката, данокот на облог на имот или приходот за Општината од 45 милиони денари би се зголемил за 35 милиони денари плус или вкупно би изнесувал околу 80-тина милиони денари, а тоа ќе биде и основа за креирање на идниот буџет.

 „Тоа значи дека основниот буџет кога ќе се креира во наредни години согласно ова зголемување од репроценката од данокот на имот ќе биде зголемен и основниот буџет на Општина Прилеп, основниот буџет и неговото зголемување значи поширок јавен интерес, односно со тие средтсва кои бис е собрале од данок на имот ќе се изработуваат приоритетни проекти кои што се од јавно значење за граѓаните“, рече Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Од Општина Прилеп се надеваат дека до крајот на годинава комплетно ќе се заврши со репроценката на имотот, а за тоа би им помогнала и проценителска куќа. Данокот пак на оној имот кој нема да се користи или издава под кирија ќе биде поголем за 3 пати од нормланиот данок согласно новиот закон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи