На 4 август ќе се одржи традиционалната вечер што Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија Теледом и со поддршка на Амбасадата на Унгарија.
Со свој настап ќе се претстават:
Оркестар Јухас – Суботица (Војводина)
Формиран е во 2000 година во Суботица. Членовите на оркестарот ги спои радостта на заедничкото музицирање и љубов кон народната музика. Со текот на годините стана еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли. До сега имаат издадено 8 самостојни плочи. Карактеристиките на нивните начини на изразување се енергичниот звук, продорно, полно со живот пеење и податливо служење на публиката и на играорците.
Дунав Танода – Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)
Дунав танода Народен оркестар и фолклорно друштво е формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред голема публика и да ги популаризираат. Денес веќе се грижи за подучување на повеќе од 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на се повеќе места и постигнуваат врвни резултати. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри дома и во странство, представувајќи го унгарскиот и заедницата.
Настанот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, со почеток во 20.00 часот.