ВИДЕО – Христоски: Достојно да го прославиме Илинден, да покажеме заедништво и соживот повикувајќи се на Крушевскиот манифест


Денес официјално започнува манифестацијата Научно културни средби 10 дена Крушевска Република со доаѓањето на коњаницата во Крушево, која знаеме претходно доаѓа од разни правци од нашата држава и која воедно слави 45 години јубилеј, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

„Со тоа покажуваме дека истата преставува составен елемент од Крушево – Град на култура. Повикувам нашите сограѓани на достоинствен начин, сите заедно да го слави овој наш заеднички Илинден, кој е празник за сите и ако сме сите деца на Илинден повикувам сите заедно да направиме една убава слика, заедништво, соживот и да се повикаме на Крушевскиот манифест за да покажеме соживот меѓу нашите сограѓани, а воедно да ја преставиме нашата држава, нашата општина, нашиот град како вистинска Крушевска Република“, додаде Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи