Јовчески: Да стоиме цврсто на браникот на Татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ


Почитувани сограѓани, на овој голем национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката и големиот христијански празник Св. Илија. Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.

Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на Татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.
Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата богата македонска историја, затоа што тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.

Нека ни е честит Илинден! За многу години Македонци! Градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи