Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска денес во Општина Долнени ја додели лиценцата на давателот на социјални услуги, Здружението „Центар за развој и едукација“, кое ќе ја обезбедува услугата „Помош и нега во домот“ за општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп.
Вкупно 12 сертифицирани негуватели од општина Долнени ќе обезбедуваат помош и поддршка за независно живеење на 36 лица со попреченост, лица над 65 години кои живеат сами и лица со намалена функционална способност кои живеат во населените места во општина Долнени.
„Општина Долнени продолжува и понатаму да ја унапредува социјалната заштита и грижа и да ги доближува социјалните услуги до своите жители кои имаат ваква посебна потреба“, истакна градоначалникот Урим Ибески.