ВИДЕО – „Нека не не потценуваат, ние сме столбот на државата, мора да добиеме покачување од по 3.500 ден“. – нов протест на прилепските пензионери


Прилепските пензионери денеска повторно го кренаа својот глас. Велат дека нема да отстапат со протестите се до исполнувањето на нивното барање, линеарно покачување нa пензијата од по 3.500 денари на секој пензионер за септемвриската пензија.

„Нека слушнат дека ништо нема да има од тие нивни 6%. Значи 3.500 денари подеднакво за сите пензионери на Македонија. Нема да отстапиме и не ги прифаќаме тие 6%. Столбот на државата во моментов се пензионеирте, затоа нека не не потценувата мора да ги добијаме тие 3.500 денари“, вели Верче Јанческа, пензионер.

 

„Фондот наш немал пари? Па каде се моите 40 години што работев во девизно извозна фабрика и сите овие мачници кои работеле во стопанството кое истото го граделе. Се жали државата дека државата дека младите бегаат, бегаат затоа што нема ни ред, ни поредок. Треба да разберат дека општество со сиромашен народ нема просперитет“, истакна Цветко Трајкоски, пензионер.

 

Повоторно се обидоа да влезат во здружението на пензионери и да побараат поддршка од раководството, но не им беше дозволен влез во објектот од страна на приватно обезбедување. Пенизонерите велат како може да им биде забранет влез во објектот кој тие го плаќаат со свои пари.

„Од сите општини, од сите градови претседателите излегоа кажаа дека ќе се бориме, нашиот претседател се крија, не излегува, ние сега сите бараме оставка од претседателот и цело раководство“, рече Љубица Јошеска, пензионер.

 

„Со 13.000 денари не се живее луѓе, дали сметки, дали струја, дали вода платиш? А тие 78% да си поткренат е жалосно со нашите 6%.

 

Ние штрајкуваме од што мораме за парче леб, ако мислат дека се живее со 13.000 денари, нека повелат тие да живеат“, изјави Марија Ристеска, пензионер.

За утре најавени се уште помасовни протести во Прилеп, но овој не само пред Здружението на пензионери туку со марш низ прилепските улици, а се потпиша и петиција која биде испаратена до Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи