ВИДЕО – Прилепските пензионери сакаат да се откажат од членарината во Сојузот револтирани од односот на претседателката


Прилепските пензионери се крајно револтирани од синоќешните изјави на претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова и истакнаа дека денеска на нотар ќе потпишат изјави дека се откажуваат од 180 денари членари која секој месец им се запира за Здружението. Револтирани се и од Здружението на пензионери на Прилеп кое им обезбедило само 3 автобуси за протестот во понеделник во Скопје.

Кога ја прашаа дали ќе не‘ поддржи, затоа што цела Македонија ќе доаѓа, таа им рече категорично не, јас штрајкувам ама со работа во канцеларија. Се прашувам за кого работи, ако работи за нас треба да биде со нас, нека излези пред нас и нека ни кажи, нема од што да се плаши“, кажа Верче Јанческа, пензионер.

 

А да му кажеме на претседателот да се откажиме од тие 130 денари што му ги даваме за тие автобуси и од нас ќе бидат автобусите, не се ни од мајка му, ни од татко му, ни негови. Епа ќе видиме како ќе функционираат внатре, па да видиме дали ќе одат на екскурзии, дали ќе се шетаат, дали удобнана фотења малку ќе ја одлепи“, истакна Билјана Шекероска, пензионер.

Пензионерите велат дека откако ќе ги добијата овие 3.500 денари ќе се борат за воведување на минимална пензија во Македонија, по примерот на минимална плата, затоа што велат дека со овие пари кои ги добиваат повеќе не можело да се живее.

Нека не се лутат на пензионерите што ги бараат своите права, ова не е просење, тоа ни е заслужено, да не не понижуваат, и ние сме луѓе од крв. Затоа бараме да се освести оваа власт, оти ние сме тие гласачите“, вели Харалампие Цветаноски, пензионер.

 

6% дали не е срамота, зошто да не ги кренат нашите 80, а тие 6% да видиме. 6% на 60.000 да земам, сакам, ама не може 6% на 12.000 денари“, додаде Димитрија Камчески, пензионер.

За утре е најавен масовен протест во Прилеп со марш низ поглавните централни улици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи