ОБНОВЕНО – ВИДЕО: 55 годишен прилепчанец загина во сообраќајната несреќа кај Росоман


55 годишниот К.Ѓ. од Прилеп и 55 годишната С.С. од Свети Николе утрово ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ  и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 61 годишниот Љ.С. од Свети Николе, каде сопатничка била сега починатата.

За кратко на време на истото место се случила и втора сообраќајна несреќа кога се судриле „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 55 годишниот С.С. од Свети Николе, кое удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52 годишниот И.И. од Скопје, кое пак излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои претходно учествувале во првата несреќа.

К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци“, истакна РИСТЕ САМАРЏИЕВ, ПОРТПАРОЛ НА СВР ВЕЛЕС.

Итната медицинска помош од Кавадарци интервенирала со три екипи кои кај две лица смрт констатирале на лице место, а додека другите тројца повредени биле транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде биле препратени во Клиничкиот центар во Скопје. Интервенирала и противпожарната единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари, која поради сериозното оштетување на возилата употребила специјална механизација за да може повредените да бидат извлечени од автомобилите. Истрагата треба да покаже како дошло до несреќата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи