ВИДЕО – Историски момент за македонското џудо – утре за прв пат кај нас започнува Европскиот куп за јуниори/ки


Утре во Скопје, во салата Јане Сандански започнува Европскиот куп за јуниори/ки. Ова е за прв пат во Македонија да се организира натпревар од еден ваков калибар, каде ќе учествуваат 230 џудисти и џудистки од 29 земји. Од Џудо федерацијата на Македонија велат дека ова било традиционален куп и се додека Македонија добивала позитивни оценки за организацијата на овој куп од страна на Европската џудо федерација, ова натпреварување во иднина ќе останело кај нас.

Долго време се спремавме за овој куп, односно долго време водевме дипломатија за да го добиеме овој куп и после неколку години еве сме овде во Скопје за прв пат се запишуваме во историјата на џудото со ваков настан, затоа што овој Европски куп е дел од европската тура која што ја има во неколку земји и која се случува во текот на цела година. Овој Европски куп кој за прв пат се одржува во Скопје ќе донесе преку 230 џудисти и џудистки од 29 земји. Генерално борбите ќе траат викендот, во сабота и недела, додека од понеделник до среда Јуниорскиот куп продолжува со јуниорски камп. Исто така е традиционален куп, се додека успешно го организираме и се додека Европската џудо федерација и претставниците од Европската џудо федерација даваат позитивни оценки околу организацијата за овој настан, овој куп останува во Македонија традиционално. Ние не запревме тука и веќе поднесовме апликација за едно ниво погоре, односно за Европско јуниорско првенство, за што во текот на овој месец ќе биде донесена одлука и на 21 август ќе ни биде соопштено. Се надеваме дека ќе го добиеме и Европското јуниорско во 2025 година“, истакна Владимит Трпаноски, претседател на џудо федерација на Македонија.

Потпретседателот на нашата џудо Федерација Благоја Гешоски потенцираше дека не било лесно да се добие организацијата на едно вакво натпреварување, но сепка умепноста во лобирањето и џудо дипломатијата на крај вродиле со плод.

Конечно успеавме во нашата држава да организираме натпревар со кој Македонија и македонското џудо се впишува на европската џудо мапа. Не беше лесно, ова е резултат на макотрпна работа во изминатите години, на спортска дипломатија, упорност и лобирачките вештини на нашиот претседател Владимир Трпаноски и конечно вродија со плод да овој викенд ние бидеме домаќини на најдобрите европски јуниори во џудо од цела Европа, но има присутни и земји и надвор од Европа, согласно правилата и пропозициите на европската џудо федерација. Никој не може сам, ние во оваа битка и лобирање и обезбедувањето на овој џудо куп да се одржи во нашата држава ја имавме поддршката како од Олимпискиот комитет, Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Би напоменал дека пред 20-тина дена во последна контрола и проверка наши гости беа претседателот на Европската џудо федерација и заменик претседателот на Европската џудо федерација, тие си заминаа задоволни од она кое го видоа, од условите кои ги нуди овој прекрасен спортски центар „Јане Сандански“, но и самиот град Скопје сите услови кои ги нуди за организирање на натпревари од ваков ранк, од ваков калибар“, кажа Благоја Гешоски, потпретседател на Џудо федерација на Македонија.

Советникот на Европската џудо федерација, Бранислав Црногорац, истакна дека техничката организација била одлична и дека досега овој натпревар ги задолувал сите пропишани стандарди и критериуми.

„Зборуваме за едно историско натпреварување кога е во прашање Џудо федерацијата на Македонија, за прв пат имаме едно вакво натпреварување. Ова е натпреварување е од групацијата ВАР ТУР, значи натпреварување со критериуми и спортистите кои ќе се борат тука се борат за светската ранг листа. Едно престижно натпреварување и ја користам оваа прилика да му честитам на раководството на Џудо федерацијата на Северна Македонија. Пред се на г-динот Владимир Трпаноски, човекот кој навистина направи големи напори за да ние денес тука го славиме првиот Европски џудо куп за јуниори/ки. Ова е еден историски момент. Техничката организација пред е одлична. Салата е супер, сместувањето, капацитетите, транспортот, едноставно целата комуникација е на едно топ ниво“, вели Бранислав Црногорац, сениор адвајзер во Европската џудо федерација.

Селекторот пак на Македонската јуниорска репрезентација Александар Фезевски рече дека ова натпреварување е од доста голем ранг и дека ќе биде задоволен ако нашите џудисти изнудат пласман за борба за било кој од медалите.

Околу тимот, имаме 15 пријавени џудисти од кои 9 се кадети и 6 јуниори. Ова за нив и за нас како селектори, но повеќе за нив ќе биде голем тест за во иднина, да видат и самите што во иднина ги чека, затоа што кажавме дека овој натпревар е од највисок ранк. Јас како селектор искрено би бил презадоволен ако нашите џудисти, затоа што некои од нив се во помала возрасна категорија, но смеат да се борат во јуниорска конкуренција, би бил задоволен ако нашите џудисти изнудат пласман до финален блок, односно се борат за било кој од медалите“, кажа Александар Фезевски, селектор на Македонската јуниорска репрезентација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи